Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Поплави во Австрија: Одрон однесе автобус

(ВИДЕО) Поплави во Австрија: Одрон однесе автобус

Обилните дождови што ја зафатија Австрија предизвикаа сериозни проблеми во сообраќајот, а еден автобус со четири лица заврши надвор од патот во долината Штанцертал.

Инцидентот се случил во понеделникот вечерта околу 20:20 часот, кога поради силните врнежи се активирале неколку одрони. Камења, кал и надојдена вода затрупале повеќе патни правци. Надојдената вода и калта од потокот Хое Рифе навлегле во возилото, достигнувајќи висина од околу 80 сантиметри.

Припадници на доброволната противпожарна служба успеале навреме да ги извлечат 49-годишниот возач и тројцата патници – 31-годишен државјанин на Иран, 39-годишна жена и 14-годишно девојче од Австрија. Патниците поминале без повреди.

Возачот, кој се здобил со повреди e пренесен со возило на Итната медицинска помош во болницата во Замс.

foto printskrin


Слично

Поврзани вести