(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО АВСТРАЛИЈА: Вакви обилни дождови немало 20 години
Источниот брег на Австралија денес е поплавен, а вакви обилни дождови немало 20 години.
Во делови на Нов Јужен Велс има ризик од поплави и лизгање на земјиштето.
Комесарот на пожарникарските служби на Нов Јужен Велс, Шејн Фицсимонс е оптимист дека дождот ќе помогне да се изгасат пожарите.
Претходно, Австралија со месеци се бореше со пожари, при што загинаа луѓе, а изгореа и голем број животни. Сега само во еден ден се изгаснати 20 пожари.Силно невреме со град имаше на 20 јануари годинава во Австралија. Градот беше со големина на топка за голф. На 18 минатиот месец имаше поплави во Австралија.
Во пожарите кои се проширија во септември лани досега загинаа 33 луѓе, угинаа околу еден милион домашни животни и уништени се над 2.500 домови.
Слично
