Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Поплави во Анкара однесоа четири жртви

(ВИДЕО) Поплави во Анкара однесоа четири жртви

Поплави ја зафатија турската престолнина Анкара, при што четири лица загинаа. 

Спасувачките операции траат веќе два дена. Во различни делови на Анкара автомобилите останаа на патот поради поројниот дожд, поплавени се домови и работни места. Податоците ги соопшти турското претседателство за управување со катастрофи и несреќи (АФАД). 

„Како резултат на дводневната операција за пребарување, во која учествуваа приближно 350 вработени, беше пронајдено безживотното тело на граѓанин зафатен во поплавите во областа Алтандаг во Анкара“, се вели во соопштението. 

Во него институцијата изразува сочувство до роднините.

Лани во ноември во Турција имаше невреме со жртви. 


Слично

Поврзани вести