Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Поплави однесоа над 900 луѓе во смрт

(ВИДЕО) Поплави однесоа над 900 луѓе во смрт

Повеќе од 900 луѓе загинаа во поплави во Пакистан. Од јуни, повеќе од 900 луѓе загинаа во поплавите предизвикани од монсунските дождови, повеќе од 400.000 куќи и станови се уништени, а 184.000 луѓе се раселени. Министерката за клима Шери Реман изјави за „Ројтерс“ дека земјата се справува со „хуманитарна катастрофа од епски размери“.

Реман рече дека нејзината земја сега минува низ својот осми циклус на монсуните, „додека обично има само три до четири циклуси на дожд“, пренесува Би-Би-Си.

Над 33 милиони луѓе се погодени од обилните врнежи во земјата.

Секоја година, вообичаено од јули до септември, поголемиот дел од Пакистан се соочува со монсунските дождови.


Слично

Поврзани вести