Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ НА СИЦИЛИЈА: Спасени се станари, а водата однесе автомобили

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ НА СИЦИЛИЈА: Спасени се станари, а водата однесе автомобили

Невреме ја погоди Сицилија, a поројот носеше автомобили на улиците.

Неколку автомобили завршија во морето поради обилните врнежи на италијанскиот медитерански остров Сицилија, информираа денеска пожарникарите.

Автомобилите се однесени во близина на градот Рипостo на источниот брег, соопшти локалната противпожарна служба.

На Сицилија веќе неколку дена врне силен дожд.  Во Рипостo, пожарникарите успеале да спасат четворица станари од стан на приземје кој бил речиси под вода.

Поплави денеска имаше и во градот Малага во Шпанија. 


Слично

Поврзани вести