Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПОПЛАВЕНИ СЕ ПИСТИТЕ НА АЕРОДРОМОТ: Палма де Мајорка е под вода

(ВИДЕО) ПОПЛАВЕНИ СЕ ПИСТИТЕ НА АЕРОДРОМОТ: Палма де Мајорка е под вода

Палма де Мајорка во Шпанија е под вода, а поплавен е и аеродромот.

Силен дожд синоќа поплави делови од популарната шпанска туристичка дестинација. Проблеми имаше и на аеродромот, поради што беше затворен извесен период.

Дури и пистите беа под вода. На социјалните мрежи се појавија видеа од поплавата каде некои вработени дури и нуркале за да покажат колку длабока е водата.

Метеоролошката станица на аеродромот забележа врнежи од речиси 5 сантиметри на час, кои за помалку од еден час го достигнаа врвот на 9 сантиметри.

Аеродромот – трет по големина во Шпанија – активираше план за итни случаи и летовите до Мајорка беа привремено пренасочени на алтернативни аеродроми.

Пред извесно време имаше невреме во регионот. 


Слично

Поврзани вести