(ВИДЕО) Поплава зеде над 13 животи на француската ривиера
Силно невреме ја погоди вчера француската ривиера и предизвика поплави во Азурниот брег во јужна Франција.
Невремето 13 луѓе го загубија животот, откако реките се излеале од своите корита и ги поплавитле околните реони, создавајќи и неколку свлечишта.
Пет лица загинале во местото Манделијо ла Напул, западно од Кан, кога надојдената вода го одвлекла возилото со кое се движеле.Три други лице се удавиле, кога нивното возило заглавило во поплавен тунел во близината на Кан.
Уште три лица ги загубиле животите во поплавен дом за стари лица во местото Антиб, а еден маж се удавил на паркинг плац во Кан, кој бил целосно поплавен.
Францускиот претседател Франсоа Оланд изрази сочуство кон семејствата на загинатите и се заблагодари на спасувачките екипи.
Метеоролозите убедуваат дека најлошиот дел поминал и дека невремето сега се движи кон италијанската обала.
[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=BsMt60EjyoI[/embed]
