Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПОПЛАВА: Уби повеќе од 160 луѓе и уништи стотици објекти

(ВИДЕО) ПОПЛАВА: Уби повеќе од 160 луѓе и уништи стотици објекти

Над 160 луѓе загинаа во поплавите предизвикани од обилните монсунски дождови во Керала во Индија. 

Повеќе од 85.000 луѓе се раселени, а спасувачката акција и евакуација и натаму трае. Спасувачки екипи со помош на хеликоптери и чамци евакуираат стотици загрозени семејства. Федералната влада испрати дополнителни сили да им помогнат на локалните служби.

Властите стравуваат дека бројот на загинати би можел и натаму да расте, посебно поради предупредувањето на државната метеоролошка служба, која издаде црвено предупредување во Керала, и посочи дека дождови може да се очекуваат и во наредните денови.

Илјадници луѓе се „заробени“ од надојдената вода, а властите ги повикаа и рибарите да помогнат во спасувачката акција.

Штета има на стотици објекти.


Слично

Поврзани вести