Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПОМОШТА ПАДНА ВО МОРЕТО: Палестинци се удавија во обид да стигнат до неа

(ВИДЕО) ПОМОШТА ПАДНА ВО МОРЕТО: Палестинци се удавија во обид да стигнат до неа

Во Газа, 18 луѓе загинаа во обид да земат помош, 12 се удавија, а 6 се згазени во стампедо.

Луѓето се удавија во морето недалеку од брегот на северна Газа, додека се обидуваа да допливаат до хуманитарната помош фрлена од авион, објави палестинското Министерство за здравство. Палестинската терористичка група Хамас информира и за шестмина загинати во стампедо.

На видео објавено на социјалните мрежи се гледа како хуманитарна помош се фрла од авион над крајбрежниот појас Беит Лахи и толпи луѓе кои трчаат кон плажата за да добијат храна, пренесува Дејли меил. Се гледаат и луѓе како пливаат во длабоки води и како влечат безживотни тела до брегот. 

Турската новинска агенција Анадолија објави дека при испуштањето помош дошло до некаков дефект, што се смета дека довело до тоа помошта да заврши во морето, а не на плажата. Хамас бара да запре испораката на ваков начин на помош.

Претходно, луѓе загинаа откако помошта пуштена од авион падна долу, а падобранот не се отворил. 

фото Твитер


Слично

Поврзани вести