Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИДЕО Половина милион луѓе протестираа против реформите во судството: „Израел нема да биде диктатура“

ВИДЕО Половина милион луѓе протестираа против реформите во судството: „Израел нема да биде диктатура“

Половина милион луѓе протестираа во Израел против планираните судски реформи, десетта сабота по ред.

Половина милион Израелци излегоа на улиците за да протестираат против плановите на владата на Бенјамин Нетанјаху да го промени правосудниот систем во земјата, велат организаторите.

Израел има нешто повеќе од 9 милиони жители, па ако проценките на организаторите се точни, околу 5 отсто од Израелците излегоа да го изразат своето противење на предложените реформи.

Речиси половина од демонстрантите, околу 240.000, се собраа во Тел Авив, соопштија организаторите. Во Ерусалим неколку стотици демонстранти се собраа пред куќата на претседателот Исак Херцог. Носеа израелски знамиња и извикуваа: „Израел нема да биде диктатура“.

Во четвртокот Херцог, чија улога е главно церемонијална, ја повика владата на Нетанјаху да го повлече од разгледување нацрт-законот за судски реформи.

Тој рече дека реформата во судството е грешка, дека е репресивна и дека ги поткопува демократските основи на Израел.


Тој рече и дека е договорен компромис меѓу поддржувачите и противниците на реформата. Деталите за компромисот се уште не се познати на јавноста.

Клучните елементи на контроверзната реформа би можеле да поминат на последното гласање во парламентот следната недела, објавија израелските медиуми.

Според плановите на владата на премиерот, парламентот ќе може да ги поништи одлуките на Врховниот суд со просто мнозинство

Дополнително, политичарите ќе добијат поголемо влијание врз назначувањето на судиите.

Критичарите го гледаат тоа како закана за демократската поделба на власта и стравуваат дека реформите би можеле да му овозможат на Нетанјаху да избегне осуда во неговото судење за корупција.

Фото: Принтскрин/Јутуб

Слично

Поврзани вести