Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Полицаец седум пати застрела тинејџер, оти не му покажал возачка

(ВИДЕО) Полицаец седум пати застрела тинејџер, оти не му покажал возачка

Полициски шериф седум пати пукаше во 17-годишниот Дивен Гилфорд, откако тој одбил да му ја покаже возачката дозвола.

Семејството на момчето правдата за смртта на нивниот син ќе ја бара на суд.

Освен што бараат правда, сметаат дека ова можност да се прикаже „вистинската злоупотреба на полициската моќ”.

„Вечен облак ни го зароби сонцето. Секој ден е облачен ден за нас” – вели таткото на Дивен.

До несреќниот настан дојде откако полицијата го застана младиот Дивен, бидејќи им блендирал со светлата.

Кога го застанува момчето, полицаецот го прашува зошто му блиндирал.

Дивен вели дека полицијата имала пуштено долги светла на автомобилот и не можел да гледа, па затоа и блиндирал. Полицаецот демантира и неколку пати му бара возачка, која Дивен одбива да ја покаже.

Нивната расправија ескалира и полицаецот вади пиштол и го тера Дивен да легне на земја. Додека лежи на земјата, момчето снима со мобилен телефон. Полициецот се наведнува да му го земе телефонот, кој откако ќе го фрли продолжува да ги снима и последните 15 секунди од животот на Дивен.

Момчето  физички го напаѓа полицаецот, кој во истиот момент 7 пати пука во тинејџерот.

Видеото од трагедијата можете да го погледнете тука.

Слично

Поврзани вести