Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Полицијата уапси професорка која дома вакцинирала ученик иако немала дозвола за тоа

(ВИДЕО) Полицијата уапси професорка која дома вакцинирала ученик иако немала дозвола за тоа

Професорката Лора Русо од Њујорк, која вакцинирала ученик и покрај тоа што нема никакви медицински квалификации е уапсена.

Таа вакцинирала 17-годишен ученик во својот дом иако немала никаква легална основа за давање вакцина, ниту одобрување од родителите. Русо, која предава биологија, е уапсена и ѝ се закануваат до четири години затвор доколку биде осудена.  Не се знае како Русо дошла до вакцината и за која вакцина станува збор. Во моментов вакцината на Бајонтек/Фајзер е единствената одобрена за лица помлади од 18 години. Се појави и снимка од спорното вакцинирање, на која Русо пред вакцинирањето му кажува на ученикот: „Ќе бидеш добро, се надевам“.


Слично

Поврзани вести