Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Полицијата смирува откако пукање го вознемири Берлин

(ВИДЕО) Полицијата смирува откако пукање го вознемири Берлин

Полицијата ја држи ситуацијата под контрола по пукањето во германскиот град Берлин. 

Пукање имало при обид за вооружен грабеж во продавница. 

„Во моментов веруваме дека куршумот бил истрелан во обид за грабеж во продавница во Фридрихштрасе. Ние ја држиме ситуацијата под контрола“, информираше германската полиција на Твитер без да прецизира дали некој е повреден, пренесе „Ројтерс“.

Весникот „Билд“ претходно објави на веб-страницата дека поради евентуален грабеж се испратени голем број полицајци на контролниот пункт Чарли, место каде што бил славниот премин на Студената војна меѓу источниот и западниот дел на Берлин.


Слично

Поврзани вести