Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПОЛА ЕВРОПА ПОД ВОДА: После Франција, Белгија, Полска, поплави и во Романија!

(ВИДЕО) ПОЛА ЕВРОПА ПОД ВОДА: После Франција, Белгија, Полска, поплави и во Романија!

Две лица загинале а повеќе од 200 се евакуирани од своите домови поради поплавите во источниот дел на Романија.

Министерството за внатрешни работи изјавило дека 7000 пожарникари, полицајци и волонтери цела ноќ учествувале во акциите на спасување.  Во соопштението на тоа министерство се наведува дека еден човек загинал кога поплавата го однела велосипедот со кој се обидел да се евакуира а друг е удавен во близината на својата куќа.
Во меѓувреме медиумите известуваат за поплавите во Белгија, Франција и Полска.[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/jaibiz2day/status/738663079991447552?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed] Во источна Белгија е пријавено исчезнување на еден пчелар кој се обидел да ги спаси своите кошници од надојдената вода, пренесоа агенциите. После неколку дена силни дождови, реката Вама се излеала од коритото и поплавила повеќе села во белгиската покраина Луксембург. [embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/CopernicusEMS/status/738429928002228225?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed] Поплавен се куќи а водата ги однела паркираните автомобили. Потрагата за исчезнатиот пчелар траела цела ноќ, ангажирани се и нуркачки служби, а за денес се планира продолжение на акциите на потрагата. Агенциите пренесуваат дека поплавите во Париз денес ќе го достигнат врвот,а реката Сена ќе биде на шест метри над нормалното ниво. Се очекува претседателот Франсоа Оланд прогласи состојба на природна катастрофа. [embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/MNNTeam/status/738383710744158208?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed] Околу 25 000 луѓе останале без струја во Париз и централните делови на Франција. Поради поплавите се затворени познатиот музеј Лувр и Орсеј како уметничките дела би можеле да се префлат на безбедна локација. Поплавите ширум Франција и Германија засега ги однесоа животите на најмалку 11 луѓе, а над илјада ги напуштиле домовите.  
Слично

Поврзани вести