Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Покрив падна врз руски војници: Загинаа 18 лица, се стравува дека има уште жртви!

(ВИДЕО) Покрив падна врз руски војници: Загинаа 18 лица, се стравува дека има уште жртви!

Руското Министерство за одбрана соопшти денеска дека 18 војници загинаа и 19 се повредени, додека за пет се трага под рушевините на четирикатниците во воената касарна во рускиот град Омск, во Сибир.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/AsiCXL5zPaM[/embed]

Од рушевините се извлечени 37 војници, 18 од нив се мртви, а уште се трага за пет војници, додека 19 се хоспитализирани, рекол портпаролот на министертсвото Игор Конашенков за руската телевизија Русија 24.

Несреќата се случила синоќа во близина на Омск, на полигонот за руски падобранци.

Во снимката прикажана на руската телевизија, се гледа еден дел од зградата од четири ката кој е целосно срушен и војниците кои формирале ланец за да ги расчистат циглите и други остатоци од рушевината.

Според првите податоци, „кршење на градежната процедура во текот на поправка“, се наведува како еден од можните причини за пад на кровот, наведува РИА Новости.

Погледнете го видеото:

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/wjw8vGVG7us[/embed]

Слично

Поврзани вести