Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Појава која се случува еднаш на 20 години – можете да ја видите ДЕНЕСКА!

(ВИДЕО) Појава која се случува еднаш на 20 години – можете да ја видите ДЕНЕСКА!
За сите суеверни, овој петок 13-ти ќе биде уште пострашен ако знаат дека вечерва ги очекува полна месечина на небото. Совпаѓање на полна месечина и петок 13-ти е ретка појава, а следен пат ќе се случи дури за 35 години, пишува Хафингтон пост. Јунската месечина, која е уште позната и како „Медена месечина“ и е позната по својата изразена златно-жолта боја, својата највисока точка ќе ја достигне нешто по полноќ, а уште од синоќа е во фазата „полна месечина“. Ако овозможат временските услови, полната месечина ќе му додаде уште малку мистика на овој петок 13-ти. Според статистиката, веројатноста полна месечина да има на петок 13-ти е 5,81% што значи дека во просек вакво совпаѓање има во просек еднаш на 20 години. Проценките се дека тоа сега ќе се случи дури на 13 август 2049 година. http://www.youtube.com/watch?v=_V5cFPmjdKg
Слично

Поврзани вести