(ВИДЕО) ПОГОДЕНО ГЛАВНОТО ЖАРИШТЕ: Најмалку 12 џихадисти загинале во руски напади во Сирија!
Руската авијација прв пат го погодила главното жариште на Исламската држава во провинцијата Рака во Сирија и убила најмалку 12 џихадисти, соопшти денес сириската опозициска Опсерваторија за човечки права.
Руското Министерство за одбрана соопштило дека руските авиони во четвртокот вечерта го гаѓале градот Рака кој се смета за седиште на Исламска држава.
Министерството наведе дека руски авиони Су - 34 го гаѓале скриеното командно место на исламистите југоситочно од градот Рака.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/I4vKPygn-ok[/embed]„Во руското бомбардирање во периферијата на Рака загинале 12 џихадисти“, изјавил за Франс пред директорот на опсерваторијата Рами Абдел Рахман. Тој додал дека телата на убиените се прфрлени во блиската мртвачница.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/ClAebrDAXQQ[/embed]Руските воздухопловни сили извеле во последните 24 часа 18 воздушни удари на положбите на Исламската држава во сверозападниот и западен дел на Сирија, во текот на кој се уништени команден центар и камп за обука на таа екстремистичка организација. Ударите, во провинциите Идлиб, Хама и Алепо, ги извеле воените авиони "Su-24M", "Su-25" i "Su-34".
Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков изјавил дека 12 објекти на ИД се нашле на удар на напади.
Бунтовниците во спомнатите градови се група која се бори против силите на сирискиот претседател Башар ал Асад. Такви групи има и во Алепо каде е активна Исламска држава, пренесе Ројтерс.
