Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПОГОДЕНИ СЕ ТРИ АЗИСКИ ЗЕМЈИ: Загинаа најмалку 500 луѓе

(ВИДЕО) ПОГОДЕНИ СЕ ТРИ АЗИСКИ ЗЕМЈИ: Загинаа најмалку 500 луѓе

Над 500 загинати има во тропската бура што погоди три азиски држави.

Индонезија, Малезија и Тајланд се соочуваат со поплави, свлечишта и десетици илјади раселени.


Бурата, која според метеоролозите е исклучително ретка за овој период, се формирала во Малачкиот теснец. Последиците се катастрофални: 336 загинати во Индонезија, 170 во Тајланд, додека Малезија засега пријавила две жртви, но и значителни материјални штети.


Според официјалните податоци, бурата погодила повеќе од 4 милиони луѓе — речиси 3 милиони во јужниот дел на Тајланд и околу 1,1 милион на западот на Индонезија. Многумина останале без пристап до електрична енергија, питка вода и основни намирници, а хуманитарните организации предупредуваат дека ситуацијата може дополнително да се влоши доколку не се воспостават стабилни канали за снабдување.

Регионалните власти предупредуваат дека бројот на жртвите би можел да продолжи да расте, бидејќи повеќе подрачја сè уште се непристапни, а некои од патиштата и мостовите се целосно уништени. 

Во Шри Ланка во поплавите загинаа над 153 луѓе.

Слично

Поврзани вести