Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Погледнете што прават децата во Русија на -48 степени

(ВИДЕО) Погледнете што прават децата во Русија на -48 степени

Руските деца играат на снегот и на -48 степени. 

Властите на градот Јакутск, еден од најстудените градови на светот, во текот на вчерашниот ден ги пуштил учениците дома затоа што температурите достигнале до 48 степени под нулата. Сепак, тие останале надвор да си играат на снегот.

На видео снимката која се појави на социјалните мрежи, може да се види како децата од овој руски град весело си играат на снегот, без оглед на тоа што надвор е -48  степени.

Училиштата се затвораат кога температурите ќе паднат од минус 42 до минус 50, а во предвид се зема  јачината на ветерот и возраста на децата.

Во најстудениот град на светот Ојмјакон, основците мора да ја следат наставата и на 52 степени под нулата, а постарите до температури од -56 степени.

Во Сибир имало температури и до -68 степени. 

Видеото можете да го видите овде. 

Слично

Поврзани вести