ВИДЕО: Погледнете како папата се лути, а знае и да потчукне
На својата последна прошетка на преполниот плоштад Свети Петар во Ватикан, папата Франциск го сврте вниманиетео на целата светска јавност со еден, во најмала рака, невообичаен гест. Тој, видно налутен, ја отргна раката од една жена која го зграпчи и не го пушташе.
На видеото, што го пренесе Ројтерс, може да се види дека папата жената дури и ја плесна по раката, по што демонстративно го напушти плоштадот.
Папата го минуваше плоштадот Свети Петар поздравувајќи ги верниците на патот кон макетата со сцена од раѓањето на Исус, поставена на шеталиштето. Но, во еден момент, жена која се прекрстуваше и со нетрпение го очекуваше папата, го зграпчи за рака, бидејќи тој реши токму пред да стаса до неа, да се сврти и да го напушти местото.
