(ВИДЕО) Погледнете ги снимките: Ураганот Никол ја погоди Флорида
Ураганот Никол денеска го погоди источниот брег на Флорида, јужно од плажата Веро, објави американскиот Национален центар за урагани (NHC).
На жителите во најмалку три окрузи на Флорида им беше наредено вчера да ги евакуираат оддалечените острови и ниските области, како и мобилните домови, пренесува АП.
Поради ураганот затворени се аеродромите и тематските паркови, а наредена е евакуација, во која меѓу другото е вклучен и клубот Мар-а-Лаго, кој е во сопственост на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, пренесува АП.
4:36am #HurricaneNicole pic.twitter.com/sj79o4WpnH
— Katie (@kitkat_440) November 10, 2022
Властите предупредија дека ураганот може дополнително да загрози многу плажи кои беа погодени од ураганот Иан во септември.
„Десетина окрузи ги затворија училиштата поради невремето, а 15 засолништа се отворени долж источниот брег на Флорида“, изјави гувернерот на Флорида Рон Десантис.
couple of hours ago in daytona #Nicole #HurricaneNicole pic.twitter.com/4ktkDobX0p
— kenny (@mcknnkng) November 9, 2022
Тој додаде дека вонредна состојба е прогласена во 45 од 67 окрузи на Флорида. Даниел Браун, виш специјалист за урагани во Националниот центар за урагани со седиште во Мајами, рече дека бурата ќе влијае на голем дел од државата.
„Бидејќи бурата е толку голема, речиси целиот источен брег на Флорида, освен крајниот југоисточен, ќе биде погоден“, рече тој.
фото: твитер screenshot
