(ВИДЕО) ПОДЗЕМЈЕ: Ова се терористичките тунели поради кои страда Газа
Поради замрсените мрежи на подземните премини, кои Хамас наводно ги користи во своите акции, во фокусот на борбите во Појасот Газа се пресели во подземјето.
-Цела Газа е еден подземен град, а инфраструктурата која Хамас на таа основа низ годините ја изгради е огромна. Тука се тунели, проширени бункери, објекти за скалдирање оружја дури и во урбаните области - тврди портпаролот на израелската војска, капетанот Ејтан Бухман, во разговорот за Вашингтон пост.
Израелската војска досега откри 66 влезови, кои водат во 23 тунели, и не планира да ја прекине својата воена офанзива пред сите тие тунели не ги уништи или онеспособи, бидејќи тврди дека се „изградени за киднапирање и убивање на Израелци“.
Овие тунели, кои можат да послужат за премин на луѓе и транспорт на воени залихи, почнуваат во Газа и влегуваат во Израел, а ги изградил Хамас во 2006 кога ја превземал контролата над Газа и одлучил да си обезбеди можност за инфилтрирање во Израел.
Мекото и песокливо тло било погодно за копање, така да тунелите се доволно високи да низ нив премине и повисок човек и доволно широки за премин на вагони на шините, а потпрени се со дрвени греди - како старите рударски тунели - иако има и такви кои се бетонирани и опремени со електрична инсталација.
Како навистина изгледаат одвнатре може да се види на видеото кое неодамна го објави Хамас, и во кое се прикажани неговите наоружани и маскирани припадници како маршираат низ сиромашно осветлените подземни премини.
