Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Подземен терористички град откриен во Дума

(ВИДЕО) Подземен терористички град откриен во Дума

Сириската војска откри огромна мрежа на подземни тунели која во Дума по превземањето на контролата над оваа територија со помош на руската армија. Арапската редакција на РТ направи видео од премините кои се изградени  софистицирано од страна на терористите, а таму функционира цел еден подземен град.

На длабочина од 15 метри под земја, џиновските тунели ги потпираат метални столбови и плочи, поради што целата конструкција личи на метро. Тунелите се протегаат низ километри и по нив може да се вози комотно со автомобили, па дури и со комби.

Во тунелите има струја, а има и паркинзи и работилници. Војската утврдила дека тунелите биле користени за во нив да се скријат машините и возилата кои терористите „ги користеле за време на окупацијата“.

Милитантите ги приморувале локалните жители да ги градат тунелите, а оние што одбивале да работат наводно ги прегладнувале.


Слично

Поврзани вести