Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Подобро убијте ме, нема да лажам - дали со овие зборови Пригожин си ја предвиде смртта?

(ВИДЕО) Подобро убијте ме, нема да лажам - дали со овие зборови Пригожин си ја предвиде смртта?

Интервјуто со поранешниот лидер на руската групација Вагнер, Евгениј Пригожин, повторно стана актуелно по несреќата во која тој загина во средата близу Москва. 

Интервјуто првично го објави рускиот воен блогер Семјон Пегов, кој разговараше со Пригожин на 29 април. Тој кажа дека нема да лаже и дека Русија е на работ на катастрофа.

„Денеска стигнавме до точката на вриење. Зошто зборувам толку искрено? Затоа што немам право да ги лажам тие луѓе кои ќе продолжат да живеат во оваа држава. Сега ги лажат. Подобро убијте ме. Нема да лажам, морам искрено да кажам дека Русија е на работ на катастрофа. Ако работите не се средат, авионот ќе се распадне во воздух“, додаде Пригожин.


Тој кажа дека државата ги отстранува оние кои ја зборуваат вистината за војната. Тој претходно изнесе повеќе аномалии. Го критикуваше рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу и руските генерали кои се задолжени за воените дејствија во Украина. 

Слично

Поврзани вести