(ВИДЕО) Подгответе се – ова е новиот Windows 10!
Мајкрософт вчера ја претстави новата верзија на својот оперативен систем Windows. Според познавачите. Windows 10 многу наликува на Windows 7, со неколку елементи од Windows 8 кои се покажа дека имаатр добри перформанси.
Ваквиот потег се смета како разумен одговор на Мајкрософт на забелешките од клиентите, кои имаа многу негативни коментари за Windows 8 по неговото лансирање. За многумина Windows 8 беше тежок за учење, затоа што претставуваше голема промена од дотогашните верзии на овој оперативен систем.
Windows 10 ќе биде компатибилен со сите системи досега и овозможува лесно користење на сите уреди. Официјалната продажба на „дестката“ ќе стартува во текот на следната година, а во системот ќе биде вратено Start менито. Се уште нема податоци која ќе биде цената.
Според Тери Мејерсон, извршниот заменик претседател на Microsoft, десетката претставува комплетно нова генерација на Windows. Компанијата ја скокна Windows 9 верзијата, за да го нагласи напредокот постигнат со новиот производ. Системот ќе се наплаќа како една платформа за сите уреди, а ќе се наоѓа на една универзална продавница за апликации.
http://www.youtube.com/watch?v=84NI5fjTfpQ
Microsoft ќе додаде и нова опција - Continuum која ќе овозможи оперативниот систем да се прилагоди во зависност од уредот што корисникот го користи.
Така, ако користите глувче и тастатура, ќе го добиете стандардниот десктоп изглед, а ако користите таблет компјутер, системот ќе се префрли во таблет модот на работа.
До лансирањето на конечната верзија се очекуваат и дополнителни подобрувања.
Слично
