Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Почнува фудбалската треска – фудбал ќе се гледа и во Вселената

(ВИДЕО) Почнува фудбалската треска – фудбал ќе се гледа и во Вселената

Светското фудбалско првенство, еден од најголемите спортски настани, започнува денеска во Бразил. Честа да го отворат овој Мундијал ќе ја имаат репрезентациите на домаќинот и на Хрватска, кои вечерва први ќе се соочат.

Навивачите од цел свет се подготвуваат за фудбалскиот спектакл, а фудбалското првенство ќе се гледа и во Вселената, на Меѓународната вселенска станица, соопшти НАСА.

Астронаутите од САД Реид Вајсмен и Стив Свонсон, како и од Германија Александер Герст ќе навиваат за своите репрезентации на оддалеченост од 230 милји од Земјата. Германија и САД ќе ги одмерат силите на 26 јуни.

Екипажот на Меѓународната вселенска станица испрати посебна видео порака на Земјата со која им посака среќа на сите тимови и играчи кои ќе заиграат во Бразил. http://www.youtube.com/watch?v=sLwW3pdXkFo Во чест на стартот на фудбалското првенство, НАСА направи фото споредба на големината на Меѓународната вселенска станица со фудбалски стадион.

Слично

Поврзани вести