Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПОЧНА УЖАСОТ, МОЌНАТА ИРМА НОСИ СЕ ПРЕД СЕБЕ: Обилни дождови и силни ветрови

(ВИДЕО) ПОЧНА УЖАСОТ, МОЌНАТА ИРМА НОСИ СЕ ПРЕД СЕБЕ: Обилни дождови и силни ветрови

Ирма, најмоќниот ураган кој некогаш е забележан на подрачјето на Атлантскиот океан, стигнал до североисточните карипски острови и поминал преку Барбуда, предизвикувајќи прекин на телефонските врски, а се предвидува и дека за викендов би можел да ја погоди и американската сојузна држава Флорида.


Ураганот на соседниот остров Антигва донел обилни дождови и силни ветрови, кои во воздух креваат и развејуваат шут, додека луѓето се собрани во домовите и владини засолништа.


Претставници во соопштение го предупредија населението да се тргне од „уништувањето“ кое го донесува Ирма, пренесе АП.


„Нека Бог сите не заштити“, пишува на крајот на соопштението.

Претходно американскиот Национален центар за урагани објави дека ураганот Ирма е се поблиску до островите Ливорд во Карпиското море,а во денешниот ден оваа бура со категорија 5 би требало да премине и преку другите карписки острови.

Се наведува дека овој „потенцијално катастрофален“ ураган донесува ветрови со максимална брзина од 295 км на час.

Њујорк тајмс претходно наведе дека Ирма би можела да предизвика големо уништување во Порторико, американската територија во Карибите на која живеат 3,4 милиони луѓе, на блиските острови Хиспандиола-кои ги делат Доминиканската Република и Хаити, Антигва, Сент Кит, и Невис , како и Американските Девствени острови, а загрозена е и Куба.


Слично

Поврзани вести