Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Почна извлекувањето на Коста Конкордија

(ВИДЕО) Почна извлекувањето на Коста Конкордија
Насуканиот крузер „Коста Конкордија“ денеска успешно беше одвоен од подводната платформа, со што започна неговото последно патување. Постепено, бродот ќе биде довлечен во своето матично пристаниште во Ѓенова, каде ќе биде исечен на парчиња. Трошоците за извлекувањето на потонатиот брод досега се проценети на околу 1,1 милијарда евра. Луксузниот италијански брод „Коста Конкордија“, два пати поголем од Титаник, пред повеќе од две ипол години доживеа несреќа кај островот Џилио при што загинаа 32 лица. Со него, во моментот на несреќата, пловеа 4.229 патници и членови на екипажот од 70 земји. Против капетанот на бродот Франческо Скетино се води судски процес  затоа што се смета за одговорен за предизвикување на бродоломот, а бродот го напуштил предвреме, пред да бидат спасени сите патници. http://www.youtube.com/watch?v=99v3koRBkjk
Слично

Поврзани вести