Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Почна еуфоријата – спектакуларно отворање на Светското фудбалско првенство!

(ВИДЕО) Почна еуфоријата – спектакуларно отворање на Светското фудбалско првенство!
Фудбалската треска започна да го тресе светот. И официјално започна Светското фудбалско првенство во Бразил. Веќе во тек е натпреварот меѓу домаќинот и Хрватска, а паднаa и првитe голoви. Бразилците, како нација која живее за фудбалот, дадоа се од себе, и покрај огромните социјални немири со кои се соочува земјата, да организираат спектакуларно отворање на Мундијалот. Џенифер Лопез, која само пред неколку дена го откажа својот настап во Бразил, сепак ги изненади фудбалските фанови и се појави на отворањето. Веројатно под влијание на критиките од јавноста, таа се реши да си го исполни ветувањето, па заедно со Питбул и Калудија Леите ја изведоја официјалната химна на првенството „Ние сме едно (Оле, Ола)“. Отворањето на Светското првенство во Бразил го следат околу три милијарди гледачи во своите домови и уште неколкуте десетици илјади на Коринтијанс Арена. http://www.youtube.com/watch?v=ntjYX-SBl_E
Слично

Поврзани вести