(ВИДЕО) ПОЧНА „ЦРН ПЕТОК“: Полицијата повикана да помага во супермаркетите
Додека Американците се уште спијат, на европскиот континент почнува шопинг-лудилото наречено „црн петок“, кое е преземено токму од американската традиција.
Од утрово пред продавниците во Велика Британија има вистинска навала од нестрпливи купувачи, кои се обидуваат да купат производи со попуст.
Купувачите признаваат дека во турканиците и лудилото често купуваат и работи за кои воопшто не се сигурни дека им се потребни. Сепак, дежурале во текот на ноќта во очекување да се отворат продавниците и не сакаат да си заминат без ништо.
Најголеми гужви има во продавниците за техничка опрема, кои практично биле испразнети само еден час по отворањето.
Во мешаниците и турканиците често започнуваат и физички инциденти, па утрово во неколку најголеми супермаркети во Велика Британија била побарана и полициска асистенција. Најмалку две лица била уапсени.
http://www.youtube.com/watch?v=yUalXjAc2Fk
http://www.youtube.com/watch?v=Jt8gYmDYv94
Слично
