(ВИДЕО) По земјотресот, во Русија има ерупција на вулкан
Земјотресот со јачина од 8,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран во раните утрински часови и предизвика значителна штета во околните области.
Властите најавија цунами до 4 метри во некои делови од регионот.
Предупредувања за цунами беа издадени и за Јапонија, Алјаска и Хаваи.
Вулканот Кључевскаја, највисокиот и најактивниот вулкан во Евроазија, почна да исфрла лава и пепел.
Од Единствената геофизичка служба на Руската академија на науките потврдуваат дека ерупцијата е во тек и дека се работи за сериозен ризик по населението во регионот.
Кључевскаја, висок речиси 5.000 метри, последен пат еруптираше во 2023 година, но експертите предупредуваат дека актуелната активност може да биде една од најразорните досега.
The inside of a liquor store during the earthquake. pic.twitter.com/XYXA7alNao
— Brian McDonald (@27khv) July 30, 2025
More footage from Kamchatka. pic.twitter.com/Q3qCcnVBH6
— Brian McDonald (@27khv) July 30, 2025
