Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПО ВТОР ПАТ ИМ УСПЕА: Се укинуваат мерките, оваа земја го победи коронавирусот

(ВИДЕО) ПО ВТОР ПАТ ИМ УСПЕА: Се укинуваат мерките, оваа земја го победи коронавирусот

Нов Зеланд повторно го победи Ковид -19. 

Премиерката Џасинда Ардерн соопшти за укинување на мерките воведени во Окленд. 

Таа вели дека нејзината земја „повторно го победи вирусот".

„Граѓаните на Окленд и сите Новозеланѓани се држеа до планот што досега двапати успеа. И тие повторно го поразија вирусот“, кажа премиерката.

Таа објасни дека од среда во Окленд ќе важи најниското ниво на борба против пандемијата, што важи за остатокот од државата. Ова значи дека повеќе нема да има ограничувања за јавни собири.

Ардерн предупреди дека успехот не смее да се земе здраво за готово.

Нов Зеланд во мај целосно го запре првиот бран благодарение на строгите мерки и земја та имаше 102 дена без новозаразени лица.

Во Европа пак се враќаат рестрикциите затоа што и бројот на заразени расте. 

И во другите делови на светот борбата со вирусот продолжува, а Иран постави нов рекорд со скоро 4.000 нови заразени. 


Слично

Поврзани вести