Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПО ВОЕНА ПАРАДА ВО МАДРИД СЕ УРНА АВИОН: Има ли загинати во несреќата?

(ВИДЕО) ПО ВОЕНА ПАРАДА ВО МАДРИД СЕ УРНА АВИОН: Има ли загинати во несреќата?

Воен авион се урна во базата Лос Лианос во Шпанија по воената парада одржана во Мадрид, објави шпанското Министерството за одбрана. 

Пилотот загинал при уривањето.   Авионот учествувал во воената парада „12 Октомври“ по повод Националниот ден, објавија шпанските медиуми. Портпаролот на шпанскиот Сектор за вонредни ситуации изјави дека борбениот авион „Еурофајтер“ се урна во поле во близина на воената база Лос Лианос кај градот Албасете во југоисточниот дел, при што пилотот загина, објави Ројтерс.


Авионот учествуваше на воената парада по повод одбележувањето на шпанскиот национален празник, а при враќањето се сруши, соопшти Министерството за одбрана на Шпанија. Причините за несреќата се утврдуваат.  Албасете се наоѓа околу 300 километри југоисточно од главниот град.

Воените трупи и полицијата денеска маршираа низ улиците на Мадрид во знак на одбележување на националниот празник на Шпанија, сред една од најголемите кризи со кои се соочува земјата, затоа што нејзината богата североисточната провинција Каталонија се заканува со отцепување.

Слично

Поврзани вести