Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) По тепачка во турскиот парламент, пратеник заврши во болница

(ВИДЕО) По тепачка во турскиот парламент, пратеник заврши во болница

Турски пратеник заврши во болница откако имаше тепачка во Парламентот. 

Опозициски пратеник е хоспитализиран по тепачката која се случи по тензичната дебата за државниот буџет за идната година. Телевизиите објавија снимки од десетици пратеници од Партијата на правдата и развојот (АКП) на претседателот Реџеп Таип Ердоган и опозициските политички групи во меѓусебна физичка пресметка со тупаници.

Хусеин Oрс, пратеник од опозициската „Добра партија“ колегите го удриле во лицето и до доаѓањето на итната медицинска помош, за него се грижел негов колега, по образование доктор. Oрс има проблеми со срцето и по итното пренесување во болница, превентивно бил сместен на интензивна нега.

фото Твитер

Видеото можете да го видите овде. 
Слично

Поврзани вести