Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПО ИРМА САМО ПУСТОШ: Цели острови уништени, населението се криело во плакари

(ВИДЕО) ПО ИРМА САМО ПУСТОШ: Цели острови уништени, населението се криело во плакари

Најмалку осум лица загинале, а 23 се повредени во ударот на ураганот Ирма на француските Карписки острови, соопшти денеска францускиот министер за внатрешни работи Жерар Колом.

Тој рекол дека бројот на настрадани на островите Свети Мартин и Свети Бароломеј би можел да биде и поголем бидејќи спасувачките тимови уште не ги пребарале островите.


Ураганот Ирма кој ги помина Карибите остави зад себе голема материјална штета чии размери допрва ќе се проценуваат.

Ураганот нанел „целосно уништување“ на карпискиот остров Барбуда и предизвика штета која се проценува на околу 150 милиони долари“, изјавил премиерот на државите Антига и Барбуда, Гастон Браун.


„Ова навистина беше страшно искуство. Настрадаа седуммина и бебе старо два месеци. Моравме да се сокриеме во плакарот. Ветерот го однесе кровот од нашата куќа. Спасувачите не засолнија. Сега се грижиме како понатаму. Се е уништено, инфраструктура, секоја куќа. Не знаеме каде да фатиме. Мислам дека целиот остров требаше да биде евакуиран“, рекла Ана Балтимор Томсон.

Претставници предупредуваат дека француската територија на островите Свети Марин е речиси уништена, а аеродромот на истиот остров, трет по големина на Карибите, е опустошен.

Слично

Поврзани вести