(ВИДЕО) По ерупцијата, сега дожд од пепел им прави проблеми на жителите на Ла Палма
Дождот од пепел ги натерал жителите да користат маски и заштитни очила, но и се отворила дупка од 400 метри на вулканот на шпанскиот остров Ла Палма.
Неколку пукнатини биле отворени од почетокот на ерупцијата на вулканот на 19-ти септември, но Институтот за вулканологија на Канарските острови го опишал последното отворање како нов фокус на ерупцијата. Вулканолог од Шпанскиот национален географски институт рекол дека е прерано да се каже дали новиот тек на лавата ќе загрози уште домови. Во океанот има лава со површина од 25 фудбалски игралишта.
Околу 6.000 луѓе се евакуирани од ерупцијата на вулканот.
Слично
