Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПО 37 ГОДИНИ ВЛАДЕЕЊЕ: Мугабе поднесе оставка, еве како се слави

(ВИДЕО) ПО 37 ГОДИНИ ВЛАДЕЕЊЕ: Мугабе поднесе оставка, еве како се слави

Претседателот на Зимбабве,  Роберт Мугабе изјави дека поднесува оставка веднаш и доброволно, за да овозможи непречен трансфер на власта по 37 години владеење. 

Oва  денеска го соопшти претседателот на парламентот Џејкоб Муденда, читајќи го писмото на Мугабе пред пратениците. За време на читањето, присутните во салата се радуваа и танцуваа, а слична беше атмосферата и на улиците на главниот град Хараре, кога беше објавена веста за оставката на 93- годишниот претседател. 

Мугабе доминираше во јавниот живот на Зимбабве од 1980 година, кога земјата прогласи независност од Велика Британија.

Претходно, парламентарците расправаа за импичмент на Мугабе, кој беше обвинет, меѓу другото за овозможување на неговата сопруга да ја узурпира уставната моќ и дека е во поодмината возраст и без капацитети да владее. Оставката следи по една недела од воената интервенција предизвикана од разрешувањето на долгогодишниот потпретседател Емерсон Мнангагва и назначувањето на непопуларната 52-годишна сопруга на Мугабе, Грејс на негово место.


Слично

Поврзани вести