Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) По 22 години бегство во раце на полицијата падна италијанскиот крал на кокаинот

(ВИДЕО) По 22 години бегство во раце на полицијата падна италијанскиот крал на кокаинот

Италијанецот Роко Морабито, за кој обвинителството трага повеќе од 22 години поради криумчарење на дрога и мафијашки активности, уапсен е во неделата во хотел во Монтевидео.

Морабито, инаку член на Ндрангета, калабрешка мафија, Италија го бара од 1995 година, а Интерпол за него издаде црвена потерница.

Морабито со други кривични дела, обезбедувал допрема на дрога во Италија, нејзина продажба во Милан, а во 1992 година од Бразил се обидел да увезе 592 клограми кокаин и 630 кг во 1993 година.


Тој во последните 13 години живеел во Уругвај, во летувалиштето Пунти дел Есте, каде е откриен кога ја запишал својата керќа во средно училиште под вистинското име.

После шестмесечна истрага е утврдено дека тој италијански државјанин имал лажни уругвајски документи и бразилски пасош на име Франциско Капелето.

Во текот на апсењето кај него и сопругата, полицајците заплениле пиштол, ладно оружје 13 мобилни телефони, 12 банкарски картички, два автомобила, португалски пасоши, накит и чековна книшка.

Додека се обработува италијанското барање за испорачување, Морабито три месеци ќе помине во уругвајскиот затвор поради поседување на лажни документи и кражба на идентитет.


Слично

Поврзани вести