Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) По 1961 година ова е прв ураган кој ќе ја зафати Европа

(ВИДЕО) По 1961 година ова е прв ураган кој ќе ја зафати Европа

Метеоролозите најавија дека ураганот Офелија викендов ќе стигне до португалските Азорски Острови, а следната недела и до ирскиот и британскиот брег.

Ова е десетиот последователен ураган кој се разви во Атлантскиот Океан годинава, а такво нешто не се случило од 1893 година. Но, по сѐ изгледа Офелија ќе урне уште еден рекорд. Метеоролозите предвидуваат дека Офелија би можел да биде првиот ураган кој ќе стигне до Европа од 1961 година.

Бреговите на Португалија и Шпанија досега беа зафатени само од  два тропски циклони: преминувањето на ураган во тропски циклон во октомври 1842 и ураганот Винс како тропска депресија во ноември 2005 година.

Се предвидува ураганот Офелија да стигне до Ирска на почетокот на следната недела, а ќе го следат ветришта со брзина поголема од 110 километри на час, јавува Би-би-си.

Повеќе урагани го разорија американското тло во изминатиот период и предизвикаа големи штети. Ураганите Ирма, Харви и Марија зад себе оставија пустош. 

Слично

Поврзани вести