Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПЛАНИРАЛЕ ДОЛГИ НАПАДИ: Што пронајдоа силите на Асад во уништените бази на џихадистите од ИСИС

(ВИДЕО) ПЛАНИРАЛЕ ДОЛГИ НАПАДИ: Што пронајдоа силите на Асад во уништените бази на џихадистите од ИСИС

Сириските сили пронашле залихи оружје и експлозиви, како и оштетени оклопни возила во градот Дејр ел Зору, кој вчера е ослободен од терористите на Исламска држава.

Припадниците на сириската армија чистејќи го теренот откриле и мрежа подземни тунели кои џихадистите ги користеле како складишта за оружје и муниција, но и како сместување.

Она што војниците го пронашле сведочи дека припадниците на ИД планирале долг престој во тој град-кутии со муниција и оружје, големи залихи лекови...

Сириските трупи во текот на рациите откриле докази дека многу милитанти потекнуват од Русија и поранешните советски републики, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана на Русија.


Во напад на руските ракети „Калибар“ убиени се околу 200 терористи, со што на ДАЕШ му е нанесен тежок удар. Тогаш се уништени и командни и комуникационен центар, три складишта за мунуција, 12 оклопни возила, вклучувајќи тенкови, и шест артилериски позиции.

Меѓу погодените мети била и автомеханичарска работилница која ИСИС ја користеле како на возилата би поставувале противавионски топови, тешки митралези и бомби.

На видето кое е последица од ударот на руската војска се гледаат остатоци на тешко утврдени терористички бази.

Слично

Поврзани вести