Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПЛАМЕН И ДО 50 МЕТРИ: Eксплодираше гасоводот кој ги поврзува Литванија и Летонија

(ВИДЕО) ПЛАМЕН И ДО 50 МЕТРИ: Eксплодираше гасоводот кој ги поврзува Литванија и Летонија

Пламени јазици високи по 50 метри имаше откако гасоводот што ја поврзува Литванија со Летонија експлодирал во областа Пасвалски во Литванија. 

Оружната полиција на Паневезис пред 17 часот пријавила експлозија на гасовод во улицата Јонишкеле во селото Виенкиемиу.  Според првичните информации нема повредени, јави порталот ЛРТ. 

„Нема станбени згради во близина, но никој не знае до каде ќе биде неопходно да се евакуираат жителите“, рече Гегузинскас.

Видеото можете да го видите тука. 

Специјални служби работат на лице место, а сообраќајот е прекинат.  Локалните власти велат дека снабдувањето со гас веднаш било прекинато.

Операторот на системот објаснил дека системот за транспорт на гас се состои од два паралелни гасоводи. Вториот нема оштетувања.

Пред неколку дена експлозија на гасовод имаше во Луганск во Украина. 


Во ноември лани, сксплозија имаше на гасовод во Ленинградската област во Русија.

Слично

Поврзани вести