(ВИДЕО) ПИЛОТ ПРОТИВ БУРА: Едвај го задржал авионот додека силни ветрови дуваа од сите страни
Авионот Ербас на компанија од Емиратите е снимен како со големи проблеми слетува на пистата на аеродромот во Диселдорф поради силната бура која го зафатила тоа подрачје на Германија.
Иако слетал релативно мирно, пилотот се мачел да одржи правец на пистата, а ветерот го вртел авионот лево и десно. Во авионот имало 500 патници.
Видеото го снимил набљудувач на авионот Мартин Богдан и го ставил на Јутјуб. За среќа, пилотот успеал да го задржи авионот на пистата и да го совлада ветерот. Никој од патниците не е повреден.
Северна Германија е под удар на бурата Ксавијер која донесува ветрови со јачина на ураган и досега усмртила седум луѓе. Бурата нанела голема штета ,а железничкиот сообраќај е откажан во повеќе делови од државата.
