Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПЕТОК 13 ВО ПАРИЗ: 160 загинати, вонредна состојба и затворени граници

(ВИДЕО) ПЕТОК 13 ВО ПАРИЗ: 160 загинати, вонредна состојба и затворени граници

Во терористички напади ширум Париз и масакрот во салата Батаклан се убиени 160 лица, соопштија француските власти.

Француските специјалци ги неутрализирале напаѓачите кои во концертната сала убие 120 заложници, јавуваат француските електронски медиуми, напоменувајќи дека имало жртви и во пукање пред ресторан. Бомби се детонирани и кај стадионот „Франција“ во текот на фудбалскиот натпревар меѓу Франција и Германија.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/86ESczZas7E[/embed]

Франсоа Оланд прогласи вонредна состојба и најави „немилосрдна“ војна против терористите. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападите. Според она што го рекле ослободените заложници, напаѓачите во концертната сала говореле дека тоа што го прават е одмазда за француската интервенција во Сирија. Откога е започната кампањата против ИС,минатата година, француските сили воглавно напаѓале цели во Ирак.

Најманлку пет напаѓачи се неутрализирани, а можно е нивни соучесници да се слободни.

Лидерите на Германија, Турција, Русија ги осудија нападите и понудија помош на Франција .

Слично

Поврзани вести