Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Петмина загинаа, а 55 се повредени во голем пожар во Казан

(ВИДЕО) Петмина загинаа, а 55 се повредени во голем пожар во Казан

Пет лица загинаа при голем пожар во трговскиот центар „Адмирал“ во главниот град на руската автономна република Татарстан - Казан, соопшти „ТАСС“.

Меѓу жртвите има и странски државјани.

Повеќе од 55 лица се повредени, а 650 се спасени.

Пожарот кој веќе е изгаснат, зафати површина од 4 илјади квадратни метри. Последица на пожарот има делумно уривање на структури.

Според податоците на Министерството за вонредни ситуации во Татарстан пожарот започнал во кафуле на првиот кат околу 13 часот. Сеуште не се познати причините за инцидентот.

Слично

Поврзани вести