Економија, финансии, бизнис

Контакт

Видео: ПЕТА ги измами минувачите да се напијат млеко од куче

Видео: ПЕТА ги измами минувачите да се напијат млеко од куче

Здружението за заштита на животните ПЕТА спроведе уште една шокантна кампања со цел да посочи дека кравјото млеко не е корисно за луѓето бидејќи на фармите кравите се трујат со антибиотици и се третираат на суров начин за да се зголеми процентнот на молзење. Токму затоа решија да ги шокираат минувачите преку наводна рекламна кампања со тоа што им дадоа избор на повеќе млечни производи. 

Случајните минувачи даваа различни оценки за млекото, дали е вкусно, колку мислат дека е маслено и слични маркетиншки одреби, но потоа следеше шокот откако им беше „откриено“ дека всушност станува збор за млеко од куче. 

Дел од тие што се напија целосно се згрозија и за малку не повратија. На крајот на експериментот претставниците на ПЕТА им открија дека не станува збор за кучјо млеко, туку млеко од соја, и дека главна цел била да им се посочи дека било кое млеко по завршувањето на доењето кај луѓето е непотребно, па дури и штетно. 


Слично

Поврзани вести