Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Пет загинати во Харков, властите ги повикаа граѓаните да одат во засолништа

(ВИДЕО) Пет загинати во Харков, властите ги повикаа граѓаните да одат во засолништа

Ракетиран e центарот на Харков  каде има петмина загинати, и седум повредени.

Информациите ги потврди градоначалникот  Игор Терехов. Шефот на регионалната воена администрација во Харков, Олег Синегубов, пак објави четворица мртви и девет повредени во Харков. Тој предупреди на можноста за ново гранатирање на градот и ги повика локалните жители да останат во засолништа. Регистрирани се вкупно осум удари, вклучително и во местата на одмор на жителите на Харков. По гранатирањето, избувна пожар во една од станбените згради во градот. Министерството за одбрана на Руската Федерација сè уште не потврди дека стои зад нападот. Украинскиот претседател Володимир Зеленски вети дека ќе го вртат Харков, и сите други окупирани територии. 

фото Твитер



Слично

Поврзани вести