Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Пет лица загинаа откако авион им се сруши над глава

(ВИДЕО) Пет лица загинаа откако авион им се сруши над глава

Авион се сруши неколку секунди по полетувањето и падна над стамбена зграда во Боготи. Во несреќата загинаа пет лица, а седум се повредени, соопштија колумбиските власти.

Двајца од повредените во моментот се борат за живот.

Шефот на полицијата во Богота рече дека пилотот и три патници во авионот го загубиле животот.

Во соопштението се вели дека авионот полетал од аеродромот „Ел Дорадо” во Боготи, а само три минути подоцна се срушил во непосредна близина во населбата Енгатива.

Ова е трета авионска несреќа во Боготи во последните три месеци.

[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=a-xS0wPyzOo[/embed]
Слично

Поврзани вести