Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Пет часа примирје меѓу Израел и Хамас – отвора ли надеж за мир?

(ВИДЕО) Пет часа примирје меѓу Израел и Хамас – отвора ли надеж за мир?
По девет дена борби со непрекината размена на гранати и ракети, Израел и палестинското движење Хамас на пет часа денеска го прекинаа огнот од хуманитарни причини. Двете страни го прифатиле барањето на Обединетите нации да го прекинат огнот, за да може да се достави храна, лекови и други производи во Појасот Газа. Борбите траеле до 10 часот по  локално време, кога стапил на сила прекинот на огнот. Пред да почне петчасовната пауза, утрово воените акции од двете страни продолжија со несмалено темпо. Израелската војска утрово соопшти дека спречила 13 палестински борци кои од Газа се префрлиле на територијата на Израел низ подземен тунел. Групата била идентификувана 250 метри во внатрешноста на израелската територија, каде ја нападнал воен авион. Според израелската војска, се верува дека најмалку еден Палестинец загинал, додека останатите најверојатно повторно низ истиот тунел се вратиле во Газа. Израел објави и видео од акцијата: http://www.youtube.com/watch?v=SM6WUoel7xk
Слично

Поврзани вести