(ВИДЕО) Песок затрупа село, куќите не се гледаат
Песок затрупа село во Русија.
Мештаните велат дека повеќе од 20 куќи се потполно закопани под песокот.
Шојна e руско рибарско село на бреговите на Белото Море, кое исчезнува под песокот.
Ана Голубцова живее на вториот кат од својот дом затоа што приземјето на куќата се претворило во плажа.
„Ќе мораме да ангажираме булдожер за да го притиснеме песокот назад и така секоја година. Мораме да го направиме тоа бидејќи снегот што се натрупува на врвот на песокот нè закопува сè до покривот“, вели таа.
Соседната куќа е толку затрупана од песок што сопствениците мора да влегуваат во неа низ таванот.
Во селото живеат нешто помалку од 300 жители, за кои работа нема. Младите одамна си заминале од ова село.
Слично
