Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПЕСКОВ ВЕЛИ ДЕКА ДОАЃААТ ТЕШКИ ДЕНОВИ: Невидени поплави има во регионот на Урал

(ВИДЕО) ПЕСКОВ ВЕЛИ ДЕКА ДОАЃААТ ТЕШКИ ДЕНОВИ: Невидени поплави има во регионот на Урал

Рекордни поплави има во регионот на Урал. 

Русија и Казахстан наредија евакуација на повеќе од 100.000 луѓе откако брзото топење на снеговите предизвика излевање на реките и најголеми поплави во регионот во последните 70 години.

Поплави има во голем број населени места во планините Урал, Сибир и области на Казахстан во близина на реките како што се Урал и Тобол, кои локалните власти соопштија дека се искачиле неколку метри во рок од неколку часа на највисоките нивоа што некогаш биле регистрирани.

Урал, третата по големина река во Европа, која тече низ Русија и Казахстан и се влева во Каспиското Море, во петокот ја проби браната на насип, поплавувајќи го градот Орск. 

Сирените во Курган, град на реката Тобол, притока на Иртиш, ги предупредија луѓето веднаш да се евакуираат. Вонредна состојба е прогласена и во Тјумен, главниот регион за производство на нафта во Западен Сибир, најголемиот базен со јаглеводороди во светот. 

„Допрва доаѓаат тешки денови за регионите Курган и Тјумен“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој кажа дека доаѓа многу вода. Браната не била одржувана соодветно. 


Слично

Поврзани вести